Thursday, December 1, 2016

Пиринејски Полуостров

Пиринејскиот Полуостров  е сместен на крајниот југозападен дел од Европа. На југ и на исток излегува на Средоземното Море, а на север и запад на Атланскиот Океан. Пиринеите го формираат североисточниот дел од полуостровот, поврзувајќи го со остатокот од Европа. Кај Гибралтар на југ, Пиринејскиот Полуостров се приближува до Африка.
Плуостровот го добил името од планинскиот венец Пиринеи што се протегаат ни него. Другото име „Ибериски Полуостров“ води потекло од стариот народ Избери кој живеел на полуостровот во антиката.

Историја

Во 711година маварската умајадска војска од Северна Африка направила инвазија на визиготска Христијанска Шпанија. Под водство на нивниот водач Тарик Изијад, тие влегле преку Гибралтар на 30 април, 711 г и го потчиниле поголемиот дел од Пиринејскиот Полуостров под исламска власт цели осум години. Ал-Андалус (Арапски: الإندلوس) е Арапското име на Пиринејскиот Полуостров дадено од Муслиманските освојувачи.
Во средновековието, полуостровот бил дом на повеќе мали државички. Како и да е, овие држави се зголемувале на сметка на други, се до завршувањето на Наполеонските војни (вклучувајќи ја и Полуостровската војна) во 1815. Тогаш бил создаден тоа што денес е и современиот Пиринејски Полуостров, кој се состои од Шпанија, Португалија (без островите Сеута и Мелилја), територијата Гибралтар и Андора.



Image result for пиринејски полуостров

Апенински Полуостров



Апенински Полуостров  — еден од најголемите полуострови во Европа, кој се протега во должина 1.000 км, од Алпите на север, па сѐ до средишниот дел на Средоземното Море на југ. Го носи името на планинскиот венец Апенини и познат по тоа што по својот облик личи на чизма, и затоа на италијански се нарекува уште и Lo Stivale („Чизмата“).
Речиси целиот полусотров ѝ припаѓа на Италија. Само две мали места, Сан Марино и Ватикан се независни од неа.
Полуостровот е опкружен со Лигурското Море и Тиренското Море на запад, Јонското Море на југ и Јадранското Море на исток. Внатрешноста на полуостровот се состои од планините Апенини, по кои го носи името, а а северниот дел му е главно рамнински и крајбрежјата ридски (гребенски).
Полуостровот како природен ресурс има нафта.
Апенинскиот Полуостров има средоземна клима со макии, листопадни и мешани (листопадно-зимзелени) шуми.


Image result for апенински полуостров

Балкански Полуостров


  Балканскиот Полуостров  полуостров во Европа и културен и геополитички европски регион. Балканскиот Полуостров опфаќа територија од околу 550.000 километри квадратни и има жители од околу 55 милиони луѓе. Името на полуостровот е од турско потекло или поточно од турскиот збор „Balkan“ што значи „ланец пошумени шуми. Географските граници на Балканскиот Полуостров варираат во зависност кои параметри се сметаат, но најчесто се сметаат водните површини кои го заобиколуваат полуостровот како што се Црно Море, Егејско Море, Јадранско Море и реките Сава и Дунав. Како и географските, така и политичките граници на полуостровот варираат во зависност од тоа како се земаат во предвид, односно врз база на географската положба на земјите или нивната политичка соработка. Балканскиот Полуостров е познат и под терминот Југоисточна Европа.




Related image




Доколку ве интересира нешто повеќе за балканските војни ви предлагам да го погледнете видеото