Thursday, December 1, 2016

Апенински Полуостров



Апенински Полуостров  — еден од најголемите полуострови во Европа, кој се протега во должина 1.000 км, од Алпите на север, па сѐ до средишниот дел на Средоземното Море на југ. Го носи името на планинскиот венец Апенини и познат по тоа што по својот облик личи на чизма, и затоа на италијански се нарекува уште и Lo Stivale („Чизмата“).
Речиси целиот полусотров ѝ припаѓа на Италија. Само две мали места, Сан Марино и Ватикан се независни од неа.
Полуостровот е опкружен со Лигурското Море и Тиренското Море на запад, Јонското Море на југ и Јадранското Море на исток. Внатрешноста на полуостровот се состои од планините Апенини, по кои го носи името, а а северниот дел му е главно рамнински и крајбрежјата ридски (гребенски).
Полуостровот како природен ресурс има нафта.
Апенинскиот Полуостров има средоземна клима со макии, листопадни и мешани (листопадно-зимзелени) шуми.


Image result for апенински полуостров

No comments:

Post a Comment